Уште една експертска игра на Французите: Австрија во невозможна мисија за втора фаза

Во рамките на второто коло од група Е, Франција запиша уште една победа овојпат над Австрија со 28-35. Французите од самиот почеток ја имаа контролата над играта и рутинирано го завршија овој дуел за нови два бода и пласман во следната фаза од Светскиот шампионат. Австрија со вториот пораз на овој турнир си ги намали шансите за следната фаза, а шансата ќе ја бара во дуелот со Норвешка.

Франција го отвори овој дуел со гол, а во наредните пет минути создаде предност од три голови, кои ги одржуваше во првата третина од полувремето. Австрија успеа да врзе два погодока во низа, но тоа беше се што видовме од солидната Австрија, на спротивната страна „експертите“ ја зголемуваа својата предност и во средина на првиот дел дојдоа до пет погодоци предност (11-6). Разлика која ја одржаа до самиот крај на прво полувреме. Австриците во послениот напад беа успешни и на пауза  заминаа со минус четири голови разликата или 13-17.

Вториот дел продолжи во ист ритам, Франција веднаш го врати највисокото водство, а до 40. минута имаа плус осум 17-25 и тука завршија шансите за Австрија на овој дуел. Во рутинирана завршница Франција со мотивирана одбрана и добра реализација во напад запиша нови два бода на Светското првенство во Египет, со конечен резултат 28-35.

16 јануари 2021
28 - 35
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 јануари 2021 19:21 ГРУПА Е 2020/2021 16.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
АВСТРИЈА1328Пораз
ФРАНЦИЈА1735Победа

АВСТРИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Томас Бауерголман00
4Максимилијан Хермандесен бек11
6Доминик Шмидлев бек01
8Роберт Вебердесно крило02
16Флоријан Кајперголман00
20Себастијан Фримеллево крило02
24Даниел Дикерлев бек00
26Лукас Хербургерлево крило00
28Гералд Цајнерцентрален бек01
30Борис Живковиќдесен бек02
44Јулијан Ранфтлдесно крило01
55Тобијас Вагнерпивот17
57Балтазар Хуберпивот10
72Лукас Хутечекцентрален бек06
77Никола Стевановиќдесен бек04
94Криштоф Нојхолдлев бек01
 Вкупно 328

ФРАНЦИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Недим Ремилидесен бек00
7Ромеин Лагардцентрален бек02
9Мелвин Ричардсондесен бек00
10Дика Мемдесен бек13
11Николас Турнапивот03
12Винсен Жерардголман02
14Кентин Маецентрален бек02
19Лук Абалодесно крило02
21Мишел Гигулево крило04
22Лука Карабатиќпивот03
23Лудовик Фабрегаспивот24
24Весли Пардинголман00
25Уго Дескалево крило04
27Адриен Дипандадесен бек00
28Валентин Портдесен бек03
37Жан Жак Аквиљолев бек013
 Вкупно 435

Officials

Судии:
Јулиан Лопез Грило -Аргентина
Себастијан Ленци -Аргентина

ГРУПА Е

ПозЕкипаGDНПРЛБ.
11832014
2-931022
3-3030030