Уште еден странец помалку во Металург: Лука Стојановиќ две години во ПАОК!

Средниот бек на тимот на Металург, Лука Стојановиќ, си заминува од Автокоманда и ќе игра во првенството на нашиот јужен сосед.

Српскиот интернационалец, кој играше и за првиот и за вториот тим на Металург, потпиша договор на две сезони со грчкиот ПАОК од Солун.

Стојановиќ е вториот среден бек што заминува од Автокоманда по грузискиот репрезентативец Иракли Кбилашвили.

Металург до стартот на подготовките на 20 јули, би требало да се засили со уште еден или двајца ракометари.