Успешен тест за охриѓани, забележаа висок триумф против ланскиот суперлигаш

Екипата на Охрид дојде до висока победа на контролата против ГА КЛ 7 со 33:23 така што имаше уште една успешна проверка пред стартот на новата сезона.

Охриѓани ги добија и двете полувремиња, но во првите 30 минути беа далеку поуспешни. Направија убава предност од 19:12 така што ланскиот суперлигаш, а во новата сезона прволигаш Голден Арт не можеше да следи.

Второто полувреме донесе и двоцифрена предност, па на крајот Охрид дојде до победа од 33:23 така што на крајот имаше плус десет што покажува напредок во формата како се доближува стартот на новата сезона.