Унгарија во вториот дел ја скрши Словачка, Данска и Јапонија со лесни победи

Репрезентациите на Унгарија и Словачка одиграа ефикасен натпревар на Светското првенство во Шпанија, а победата им припадна на фаворизираните Унгарки кои славеа 35:29.

Првото полувреме беше максимално израмнето, така беше и на паузата кога резултатот беше 16:16. Унгарија добро започна во вториот дел и со серија од пет гола направи убава предност која ја сочува до крај за прв триумф на Мундијалот.

Данска немаше никакви проблеми на својот прв натпревар и оствари лесна и очекувана победа против Тунис со 34:16. Уште од почетокот беше јасно дека репрезентативките на Данска нема да имаат проблеми да ги освојат првите бодови. На полувремето имаа водство од 16:8, а во продолжението само ја потврдија победата.

Јапонија имаше успешно отварање на првенството и забележа убедлива победа против репрезентацијата на Парагвај од 40:17. Јапонките доминираа во текот на целиот натпревар, а уште на полувремето се беше решено кога водеа 19:10. Второто полувреме беше формалност за први бодови на Јапонија.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, 1.КОЛО, РЕЗУЛТАТИ

ЈАПОНИЈА – ПАРАГВАЈ 40:17 (19:10)
ДАНСКА – ТУНИС 34:16 (16:8)
УНГАРИЈА – СЛОВАЧКА 35:29 (16:16)