Репрезентацијата на Македонија вчера ги доби противниците во групите од квалификациите за Светското првенство и не можеме да кажеме дека ждребот не беше поволен за нас.
Македонија доби група во која заедно со Португалија е фаворит за пласман на ЕП, а останатите две селекции се Турција и Луксембург. Сепак, селекторот на турската репрезентација Окан Халај порача дека тие не се плашат од никого.
„Кога ќе ги видам другите групи и ќе направам споредба можам да кажам дека добивме добра група. Свесни сме дека не чека тешка и голема борба, но од друга страна и добро е што ќе играме со репрезентации од врвот на меѓународната сцена. Не се плашиме од никого, не размислуваме премногу за нашите противници, веруваме во нашите ракометари. Ќе се бориме со сите сили за пласман на ЕП 2024“, изјави Халај.
Квалификациите за Европското првенство Македонија ги започнува во октомври, а наш прв противник ќе биде репрезентацијата на Луксембург со која ќе се сретнеме на домашен терен.
Македонија стартува дома со Луксембург, двомечот со Португалија во март догодина!