Три ракометарки на Кометал ЃП и екс-тренер на Вардар во дрим тимот на Бодниева

Една од најдобрите ракометарки на сите времиња во светот, Русинката Људмила Бодниева во моментов е актуелен селектор на репрезентацијата на Русија, а при изборот на нејзиниот идеален тим вклучи и две поранешни репрезентативки на Македонија, пишува „Брз Центар“.

Покрај тоа што во тимот има екс-репрезентативка на Македонија има и уште една поранешна ракометарка на Кометал Ѓорче Петров, како и една ракометарка која откако стана тренер беше и на клупата на женската екипа на Вардар.

Станува збор за Наталија Тодоровска, Олга Бујанова, Луминица Дину и Ирина Дибирова. Тие се најдоа меѓу ракометарките за кои Бодниева смета дека секогаш би сакала да ги има во својот тим и дека тие се меѓу најдобрите во светот на сите времиња.

Во тимот се најдоа:

ГОЛМАНИ: Марија Сидорова (Русија), Татјана Ализар (Русија), Луминица Дину (Романија)

ЛЕВИ КРИЛА: Емилија Туреј (Русија), Тања Одер (Словенија)

ЛЕВИ БЕКОВИ: Наталија Дерепаско (Украина), Ана Кареева (Русија), Људмила Постнова (Русија)

СРЕДНИ БЕКОВИ: Ирина Дибирова (Русија), Олга Бујанова (Русија/Македонија).

ДЕСНИ БЕКОВИ: Ирина Близнова (Русија), Марина Верхељук (Украина)

ДЕСНИ КРИЛА: Наталија Тодоровска (Русија/Македонија), Алена Јаценко (Украина)

ПИВОТИ: Оксана Роменскаја (Русија), Деја Долер (Словенија)