Ракометарите на Алкалоид се најдоа на чекор до пласман во завршницата од Купот на Македонија, откако во драматичен натпревар го совладаа составот на Бутел Скопје со 25-24 со погодок во последната секунда на Мартин Серафимов. Имаа гостинските ракометари шанса за победа, но ударот на Манасков заврши во гредата, па останаа десет секунди за домашните. По тајм-аутот на Лазаров, Џонов му асистираше на Серафимов, кој го реализираше цепелинот за победа во последната секунда и голема радост во Автокоманда.
Бутел водеше со 1-0 и 2-1, но потоа контролата ја презема домашниот тим кој прв се одлепи на плус три, 7-4. Тренерот на Бутел, Кристијан Грчевски, викна тајм-аут, па Манасков, Николов и Крстевски донесоа реми, 7-7.
Продолжи играта гол за гол во следниот период, а во финишот на полувремето дотогаш најдобриот стрелец на Бутел, Филип Николов заработи директен црвен картон по стартот над Ѓоргиев.
Домаќините во Автокоманда постигнаа поведоа со 13-12 во финишот на полувремето, но Јефтиќ постигна атрактивен погодок со шрауба за 13-13, резултат со кој се замина на пауза по првиот дел.
На стартот на второто полувреме се играше гол за гол, пред новиот суперлигаш да стигне до плус два 18-16, со головите на Џонов и Митев. Беше и 20-18 за момците на Кире Лазаров, но Бутел не се откажуваше од камбек во мечот.
Најпрво Мајиќ постигна убав гол, а потоа по грешката на домашните, Василевски израмни на 20-20 и Лазаров мораше да бара тајм-аут. Галевски ги одбрани следните два шута на бутелци, па неговите соиграчи погодија во напад за 22-20.
Бутел играше со ракометар помалку во продолжение, но Блажески го остави неговиот тим во игра, откако одбрани еден напад на домашните за плус три. Мајиќ ја измами одбраната на новиот суперлигаш, потоа погоди и Ѓоргиевски и пак беше реми, 22-22.
Беше 23-23, а со реми, се влезе и во последната минута. Следниот напад на домашните заврши неуспешно, па за Бутел останаа триесетина секунди за да постигне победнички погодок.
Манасков шутираше на десет секунди до крајот, но ударот заврши во гредата и остана време за последен напад на домашните. Лазаров повика тајм-аут, неговите играчи реализираа гол со цепелин за победа со 25-24 и пласман во финалето од групата.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше Серафимов со 11 гола, додека кај Бутел Скопје по пет погодоци дадоа Јевтиќ и Мајиќ.
Куп на Македонија, мажи, осминафинале:
Група 1
Вардар – Охрид 38-30
18/3, 19:00, Јуниор КВ – Скопје
19/3, 17:00, финале, Вардар – Јуниор КВ/Скопје
Група 2
Радовиш – Еурофарм Пелистер 2 17-32
Голден Арт – Пролет 26:25
18/3, 19:00, финале, Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
Група 3
Бутел – Алкалоид 24-25
Вардар Неготино – Прилеп 29-28
19/3, 18:00, финале, Алкалоид – Вардар Неготино
Група 4
Струга – Тиквеш 23-28
Куманово – Еурофарм Пелистер 21-33
18/3, 20:00, финале, Тиквеш – Еурофарм Пелистер