Кружниот напаѓач Александар Тренчевски, од наредната сезона би можел одново да се врати во Македонија.
Искусниот ракометар е блиску до договор со екипата на Струга, која во следната сезона ќе има подновен тим.
Блиску до договор со Струга се и тројцата искусни ракометари – Велко Маркоски, Јовица Младеновски и Златко Мојсоски.
Тренчевски во текот на месец декември, 2021 година, ги напушти редовите на Прилеп и се врати во Финска.
Таму играше за АИФК Турку и во истиот клуб беше заедно со екс младинскиот репрезентативец Илија Крстевски.
Прилепчанецот на домашна сцена ги бранеше боите на Вардар Јуниор, Зомимак Струмица, Астраион и Прилеп, додека на интернационално ниво, освен за АИФК Турку, настапуваше и за Паргас ИФ.
Ново име во Струга за новата сезона е екс ракометарот на Еурофарм Пелистер 2, Мерис Бошњак. Клубот во своите редови го задржа босанскиот интернационалец, голманот Дејан Рикановиќ.
Струга создава конкурентен тим – се преговара со искусно трио од Вардар и Бутел!