ТРАНСФЕР МАРКЕТ: Алборг продолжува да се засилува, репрезентативец на Германија го засили Гумерзбах…

  • Екипата на Алборг активно работи на составувањето на тимот за новата натпреварувачка сезона. Нов ракометар во богатиот проект од Данска ќе биде репрезентативецот на Шведска, Фабијан Норстен, кој во редовите на данскиот вицепрвак ќе пристигне од Гумерзбах. Швеѓанецот со раководството на Алборг се договори на тригодишна соработка.
  • Откако беше познато дека Фабијан Норстен ќе си замине од Гумерзбах и ќе се пресели во Алборг следното лето, бундеслигашот не чекаше многу и веднаш најде негова замена. Еден од подобрите голмани во Бундеслигата, искусниот Даниел Рембан потпиша двегодишен договор со Гумерзбах и заедно со Тибор Иванишевиќ ќе ги формираат голманското дуо следната сезона.
  • Интернационалецот од БиХ, Драган Павловиќ откако во оваа сезона направи трансфер од Копер во Брегенц, реши да го раскине договорот и да се пресели во друг клуб од Австрија. 24 годишниот десен бек во остатокот од сезоната ќе настапува за Барнбах.
  • Откако Рандерс банкротираше и го напушти најквалитетното натпреварување во Данска, голманката Стефани Андерсен немаше проблеми да најде нов клуб. Еден од фаворитите за освојување на титулата во Данска, Икаст, ја ангажираше 30 годишната голманка во своите редови.