Тоше Ончев промовиран во Требње (ФОТО)

Тоше Ончев во новата сезона ќе настапува во словенечкиот шампионат и ќе го носи дресот на Тримо Требње, каде што тренер е легендата Урош Зорман.

Тримо Требње утре ќе ги стартува и подготовките пред официјалните натпревари во домашниот шампионат.

Ончев веќе пристигна во Требње и имаше неколку дена за адаптација во новата средина. Освен во домашната лига, Требње ќе игра и во Лигата на Европа.

Во својата кариера, Ончев беше дел од македонските клубови – Вардар, Вардар Јуниор, Пелистер и Работнички. На интернационално ниво настапуваше за француските Вернуј и Вернон, како и за грчкиот Фаикас Корфу.