Томе Петрески седнува на клупата на Младост Богданци

Искусниот стратег Томе Петрески, кој во февруари годинава доби Мастер Коуч лиценца, ќе има нов предизвик во кариерата.

Прилепчанецот до крајот на сезоната ќе го предводи Младост Богданци, а досегашниот тренер Драган Вурмо останува во стручниот штаб заедно со Мите Стоилов.

Петрески до крајот на есенскиот дел од сезоната го водеше Тиквеш од Кавадарци, а сега ќе се обиде на Младост да му помогне да избори опстанок во суперлигашкото друштво.

Некогашниот македонски репрезентативец, кој градеше играчка, а потоа и тренерска кариера во Франција, во Македонија освен во кавадаречкиот тим работеше во Прилеп, машкиот и женскиот тим на Пелистер, а беше тренер и во Мароко.

Младост Богданци има 13 бода на четвртата позиција на табелата во плеј-аут, а до крајот остануваат уште шест кола.