Тиквеш донесе десен бек – потпиша Нигериец од рускиот Зенит

По Мирко Мајиќ, тимот на Тиквеш го претстави второто засилување пред стартот на новата сезона во суперлигашкото друштво.

Станува збор за нигерскиот десен бек Ани Обина, кој доаѓа од рускиот Зенит, каде што го мина пролетниот дел од минатата сезона.

Претходно во есенскиот дел од сезоната, нигерскиот репрезентативец играше за уште еден руски клуб – Донски Козаки.

Има настапувано во шампионатите на неговата татковина, Габон и Мароко, а ги носеше дресовите на израелските Макаби Тел Авив и Бер Шева.

Со Зенит од Санкт Петербург настапи на четири средби во СЕХА лигата и постигна седум погодоци.