Танкоски ја откри причината за некреативноста во нападот

Репрезентацијата на Македонија во второто коло го забележа вториот пораз на Светското првенство од Египет, токму од домаќинот и тоа многу убедливо со 38:19.

Селекторот и играчите имаа свое видување по натпреварот и причините за поразот на дневниот брифинг во пресрет на последниот меч со Чиле.

Средниот бек Марио Танкоски имаше свој коментар за прикажаното на натпреварот против Египет и што недостасува за следниот меч против Чиле да имаат подобро издание.

„Тешко пробиваме, не можеме да поминеме еден на еден. За разлика од нас тие се шетаат низ нашата одбрана. Слабо сме физички подготвени, откако ќе истрчаме неколкупати напред назад веќе сме уморни. Тоа е и еден од проблемите за нашата креативност во нападите. Мора добро да се подготвиме ако сакаме утре да победиме. Нема да биде лесно, сигурно ќе има голема борба и ние ќе мораме повеќе да се ангажираме, да покажеме емоција. Ако не го направиме тоа на натпреварот ќе биде многу тешко за нас“, рече Танкоски.

Македонија последниот натпревар од прелиминарната групна фаза го игра против Чиле во понеделиник со почеток во 15:30 часот.