Талески: Срамно!

Македонската ракометна репрезентација го одигра вториот натпревар на Европското првенство 2022, во Дебрецин, Унгарија. По воведниот пораз од Словенија, Македонија загуби од Црна Гора со 24-28 и практично ги загуби сите шанси за пласман во втората фаза, но загуби и од директниот противник за третото место во групата кое нудеше мала можност за поповолен распоред на патот кон нови ракометни смотри.
Црна Гора имаше постојано водство, кое во самиот финиш ги достигна и највисоките пет голови кои противникот ги имаше и на средината на првиот дел.
Левиот бек на Вардар и еден од најдобрите македонски ракометари, Филип Талески по натпреварот разочаран од денешната претстава на македонските репрезентативци, шеесете минути на теренот ги опиша само со еден збор:

Срамно! Немам повеќе што да кажам.

Македонија во последното коло ќе одигра со актуелниот светски првак Данска по што ќе може да се врати во Скопје.