Тажна вест од Гостивар: Саше Ѓорѓески ја загуби битката со корона

Утрово пристигна тажна вест од Гостивар. Ракометниот работник Саше Ѓорѓески ја загуби битката со коронавирусот.

Ѓорѓески беше истакнат ракометен работник и некогашен ракометар што играше за Гостивар и Југ.

По завршувањето на играчката кариера, беше активен судија заедно со Васе Зипевски.

Пред две години ја заврши и судиската кариера, па стана делегат и беше активен во сите натпреварувања под капата на РФМ.