Супер машка лига: Пролет и Бутел Скопје фаворити, но имаат млади и амбициозни ривали

Според планот за одигрување на натпревари за денеска се предвидени две средби од Супер машката лига, како и еден дуел од Женската лига. Очекувањата се да има интересни средби кои би требало да донесат надигрување, а со оглед на тоа што се работи за пресметки меѓу екипи кои веќе имаат плеј-оф против тимови кои ќе играат во плеј-аут притисокот нема да постои ниту кај едниот ниту кај другиот состав.

Затоа и во Пролет и во Автокоманда денеска ќе биде мирно така што ќе може да се види надигрување.

Од другите средби два се предвидени за утре додека еден е в недела.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ ЗА 16. КОЛО

ПЕТОК, 6 МАРТ

18:30ч

ПРОЛЕТ 62 – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Марјан Начевски од Скопје.

19:30ч

МЕТАЛУРГ 2 – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Виктор Начевски од Скопје и Даниело Божиновски од Битола. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

САБОТА, 7 МАРТ

18:00ч

МЕТАЛУРГ – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор и Спаско Ќаеви од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

19:00ч

ОХРИД – СТРУГА

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Васко Дјакоски од Кичево.

НЕДЕЛА, 8 МАРТ

16:30ч

РАБОТНИЧКИ – РАДОВИШ

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје.Судии: Дејан и Димитар Георгиевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

ТАБЕЛА: 1. Металург 41 бод (515:374); 2. Охрид 37 (424:335); 3. Бутел Скопје 34 (401:360); 4. Пролет 32 (473:391); 5. Радовиш 22 (432:441); 6. Вардар јуниор 21 (409:440); 7. Пелистер 17 (391:396); 8. Металург II 7 (420:497); 9. Струга 4 (347:457); 10. Работнички 4 (416:537).`