Супер машка лига: Металург, Охрид и Пролет во разлика од само два бода

Со комплетирањето на  натпреварите од 6. коло дојде до мало поместување на табелата во Супер машката лига и таа сега има сосема нов изглед. Некои екипи успеаја да напредуваат, па пред средбите од 7. коло ситуацијата е изменета.

Металург останува на врвот, но тимот на Охрид е сега на бод разлика и тоа е клубот кој продолжува да го следи лидерот. Бод помалку од Охрид има составот на Пролет кој е сигурен на 3. позиција.

После 6. коло екипата на Бутел Скопје падна на 4. позиција и сега има четири поени помалку од лидерот, но не е сигурно ниту 4. место така што ќе мора добро да се работи на следните средби и да се надоместува.

Во 6. коло немаше изненадувања. Оние тимови кои беа во предност дојдоа до бодови и се изборија за нешто подобар пласман во битката за добар резултат.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

МЕТАЛУРГ – СТРУГА     32:25 (ИЗВЕШТАЈ)

Шилегов 6, Лазаревски 6, Поповиќ 5 – Кузманоски 7, Новаковиќ 6, Симоноски 5

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР    30:38 (ИЗВЕШТАЈ)

Мелоски 6, Николовски 6, Стојановиќ 6 – Карапалевски 11, Кукуловски 10, Ќосевски 5

ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ     36:27 (ИЗВЕШТАЈ)

Поповски 10, Аларов 7, Мајнов 6 – Николов 7, Стојановски 5, Ѓоргиески 4

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР     29:34 (ИЗВЕШТАЈ)

Сулима 8, Палевски 7, Полијак 5 – Талевски 10, Петровски 8, И. Димитровски 6

ГРК ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ      24:22 (ИЗВЕШТАЈ)

Тот 8, Кривокапиќ 4, Блажески 3 – Милошевски 5, Мајиќ 5, Печенковски 4

ТАБЕЛА: 1. Металург 16 бода (205:150); 2. Охрид 15 (159:132); 3. Пролет 14 (177:163); 4. Бутел Скопје 12 (165:146); 5. Радовиш 9 (190:183); 6. Пелистер 8 (151:152); 7. Вардар јуниор 6 (156:185); 8. Работнички 4 (176:205); 9. Струга 1 (142:168); 10. Металург II 1 (182:219).