Победата на гостувањето во Радовиш беше доволна за тимот на Пролет да го затвори списокот на тимови кои ќе играат во плеј-офот. Веќе нема дилеми така што Пролет им се приклучи на Металург, Охрид и Бутел Скопје кои заедно со Вардар и Еурофарм Пелистер ќе разигруваат за титулата.
Ова беше 15. коло, а остануваат само уште три кола кои треба да се доиграат и истите ќе бидат формалност. Ќе има некакво натпреварувачко значење само доколку некоја од пресметките е меѓу шесте екипи кои ќе се најдат во плеј-аут групата и ќе разигруваат за опстанок.
Од 15. коло остана уште еден натпревар, а истиот ќе биде одигран в среда кога ќе дојде до комлетирање на истото.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО
СТРУГА – МЕТАЛУРГ 24:29
Мекиќ 8, Кузманоски 4, Рајатоски 3 – Поповиќ 5, Танкоски 5, Серафимов 4
РАДОВИШ – ПРОЛЕТ 62 20:33
Илиев 9, Стојановски 2, Долдуров 2 – Андоновски 11, Поповски 8, Моупитис 4
ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РАБОТНИЧКИ 33:17
Димитровски 6, Димитров 5, Трајковски 5 – Палевски 7, Добревски 3, Илиески 2
ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ 2 24:23
Карапалевски 8, Дука 6, Анѓелковски 3 – Стојановиќ 8, Мелоски 4, Митиќ 3
СРЕДА, 4 МАРТ
19:00ч
БУТЕЛ СКОПЈЕ – ОХРИД 2013
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Ацо Николовски од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Металург 41 бод (515:374); 2. Охрид 37 (404:313); 3. Пролет 32 (473:391); 4. Бутел Скопје 31 (379:340); 5. Радовиш 22 (432:441); 6. Вардар јуниор 21 (409:440); 7. Пелистер 17 (391:396); 8. Металург II 7 (420:497); 9. Струга 4 (347:457); 10. Работнички 4 (416:537).