Судијки од Србија на пресметката во Букурешт во сабота меѓу Романија и Македонија

Натпреварот кој в сабота од 17 часот ќе се одигра во Букурешт меѓу репрезентациите на Романија и Македонија ќе биде првиот од двомечот кој ќе даде патник на Мундијалот во Шпанија во декември.

Македонија има тешка задача,но сосема извесно е дека ова ќе биде убава пресметка на која ќе треба да се даде максимумот.

Од ЕХФ за овој дуел се делегирани судијки од Србија. Станува збор за Вања Антиќ и Јелена Јаковљевиќ.

Делегат на оваа средба ќе биде Михаил Башев од Бугарија.

Реваншот ќе биде одигран на 21 април во 17 часот во Скопје во салата во СЦ „Јане Сандански“.