Стружанки со подобар финиш од Шампион, за очекувани три бода

Ракометарките на Стружанка ја оправдаа улогата на фаворит на дуелот против Шампион и дојдоа до победа од 24:20 со што освоија три нови планирани бодови.

После неколкуте минути неизвесност на стартот од средбата и израмнетата игра дојде до поправање на ритамот и до предност за составот на Стружанка. Разликата се искачи до четири гола, па на одмор се замина со 12:8.

Овие четири гола се чуваа на почетокот на вториот дел, а потоа гостинките го засилија темпото. Успеаја да израмнат на 18:18 откако потигнаа четири гола во серија, а дојдоа и до уште еден гол потоа за 19:18.

Во моментите кога влегоа во негатива домашните ракометарки успеаја да се вратат во потребниот ритам и да одиграат подобро. Успеаја одново да се вратат на предноста од четири гола и да победат со 24:20 со што добија нови три поени.

СТРУЖАНКА – ШАМПИОН         24:20 (12:8)

Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

СТРУЖАНКА: Митоска, Ѓокеска, Ѓерѓеска, Јовичинац 4, Голабоска 3, Калајџиевска, Дукоска 3, Переска 1, Б. Затуроска 1, Балоска, И. Затуроска 1, Ѓоршулеска, Раткушиноска, Далипоска 4, Петреска, Делиоска 7

Седмерци: 2/3, Исклучувања: 4 мин.

ШАМПИОН: Велковска, Стојанови, Мурџеска, Георгиевска 3, М. Петровска, Богоевска, Димитриевска 4, А. Петровска, Бадаровска, Неделковска 7, Богоевска, Урбан 1, Јовановска, Бојковска, Ристевска, Филипова 5.

Седмерци: 6/7, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167