Стружанецот со мирна рака – деби гол на Кузманоски во сениорскиот дрес! (ВИДЕО)

Стружанецот Цветан Кузманоски го постигна деби голот во сениорскиот дрес на Македонија, откако имаше мирна рака и го совлада Паличка во 10. минута на дуелот против Шведска.

Ракометарот на Еурофарм Пелистер 2 доби шанса и беше расположен за голови на пријателските натпревари против Чиле, но овој гол против Шведска е прв на официјални средби.

Кузманоски игра во одлична форма на клупско ниво и покажува дека сериозно треба да се смета на него во иднина.

Погледнете го голот на Кузманоски….