СТРУГА 2020: Свечено отворено новото издание на традиционалниот турнир (ФОТО)

Со натпреварот меѓу домаќинот Струга и Прилеп започна 48. издание на традиционалниот Струшки турнир што се одржува секоја година на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“.

Претседателот на организацискиот одбор, Наумче Мојсовски, со говор ги поздрави сите екипи учесници и го прогласи турнирот за отворен. На теренот не се појавија целосните состави на екипите како што тоа е пракса, туку само капитените.

Оваа година учество ќе земат само македонски екипи – Вардар, Металург, Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер 2, Прилеп, Охрид и домаќинот Струга.

Последен пат македонска екипа го освоила турнирот пред шест години, кога славеше тимот од Автокоманда.