СТРУГА 2020: Очекувано и лесно против домаќинот, Металург стигна до втора победа

Составот на Металург ја забележа и втората победа на турнирот во Струга откако против домаќинот во натпревар во кој имаше водство од почетокот до крајот дојде до триумф од 35:24.

Во текот на сите 60 минути, Металург беше подобриот ривал и без проблеми успеа да се избори за висока разлика која на крајот резултираше со победа што ќе биде доволно в недела да се игра за 3. место.

После 1:0 уште во 1. минута и израмнувачките 1:1 во 4. минута следуваа четири гола во мрежата на организаторот на турнирот за 5:1. Тука после осум минути игра веќе беше јасно како ќе се дв ижат работите. Стружани тешко се снаоѓаа и не можеа да следат цело време така што успеваа да се доближат само на гол до два, но не и да израмнат повторно.

До крајот на првиот дел составот на Металург направи плус пет и на одмор замина со 17:12.

На почетокот на второто полувреме Струга беше тимот која го постигна првиот гол, потоа набрзина следуваа пет гола за Металург за 22:13 така што тука следуваше веќе решавање н а победникот. Водството беше и десет разлика при 25:15 во 40. минута кога само беше дадена потврда околу високата победа за составот од Автокоманда.

Ова беше и повеќе од доволно до крајот на средбата да се одигра мирно и да се освојат уште два бода чувајќи ја двоцифрената разлика за конечни 35:24. Инаку, со ова е веќе јасно дека Металург оди во трка за 3. место, а Струга ќе биде во мечот за 7. позиција. Иако остануваат уште дуели од оваа група, сепак, Еурофарм Пелистер е фаворит и на двата.