Странците кои играат во Русија, Белорусија и Украина преку ИХФ можат да ги раскинат договорите

Светската меѓународна федерација донесе решение можност странците кои играат во Русија, Белорусија и Украина да ги раскинат договорите.

Секој странец кој има договор со клуб од Украина, Русија или Белорусија ќе може да поднесе барање до ЕХФ за предвремено раскинување на договорот доколку не успее да се договори со клубот.

ИФХ го воведува ова со цел да се заштитат ракометарите и да имаат можност да останат во натпреварувачки ритам со оглед на ситуацијата со клубовите од овие три земји. Ракометарот исто така ќе може веднаш да направи трансфер во друг клуб.

Меѓутоа исто така се донесе и одлука клубовите да можат да регистрираат најмногу двајца ракометари во овој преоден рок.

И како последна точка ИХФ донесе одлука да им забрани на сите официјални лица од Русија и Белорусија да учествуваат на натпреварите во нејзина организација.