Столе со џентлменски потег – гајба пиво во соблекувалната на пелистерци

Еурофарм Пелистер се радуваше среде Скопје и забележа триумф над Вардар со 23-24 за лидерско место на табелата.

Иако капитенот на Вардар, Стојанче Стоилов, доби црвен картон во финишот на мечот поради приговор кон судиите, сепак уште еднаш покажа дека е голем џентлмен.

По натпреварот, тој однесе гајба пиво во соблекувалната на пелистерци, кои прославија голема победа што ги носи чекор поблиску до титулата.

Вториот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар во рамките на плеј-офот ќе се одигра на 30 април во Битола.