Стоилов се пошегува: Се надевам нема да има повреди кај оние што не играле со години

На ревијалниот натпревар меѓу актуелните и поранешните репрезентативци ќе се појави и Стојанче Стоилов.

Пивотменот на Вардар иако се уште е активен на ракометните терени, ќе биде дел од селекцијата на ветераните, за кои се потврдени 20 ракометари.

„Настанов е одлична можност да се оддаде почит на една генерација која твореше тука со години и да се даде почит на новата генерација и репрезентација, на новиот почеток. Овој настан ќе ја отвори спортската 2023 година и тоа со еден хуманитарен настан. Се надевам нема да има повреди, посебно кај оние што со години не играле“, во свој стил низ шега коментираше Стоилов.

Тој меѓу 2009 и 2022 година настапи на сите големи натпреварувања на кои играш Македонија, но сега ќе биде само гледач.

„Се помирив уште таа вечер кога соопштив дека ја завршувам репрезентативната кариера. Беше тема за која размислував подолго време. Сум гледал натпревари на којшто треба да играм од ТВ, но за репрезентација никогаш. Во јануари нема да бидам во Краков, но репрезентативците ќе ја имаат мојата поддршка. Се надевам дека без никаков притисок ќе се покажав во вистинско светло и ќе уживаат“, заврши Стоилов.

Ревијалниот натпревар меѓу поранешните и сегашните репрезеннтативци ќе се игра на 3 јануари од 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Мукаетов: Овие момци заслужуваат многу повеќе, секогаш со полно срце играа за Македонија!

Димовски: Ако овој меч им донесе среќа на момците во Краков, тогаш нека прерасне во традиција