Десниот бек Стефан Трпчевски по враќањето од Израел на полусезоната, се договори за соработка со Вардар Јуниор до крајот на оваа сезона и ќе му помогне на поранешниот тим во битката за опстанок.
Трпчевски со успех го носеше дресот на Вардар Јуниор и Вардар пред две сезони, во времето на Раул добиваше шанса и во регионалната СЕХА лигата.
Потоа по една полусезона беше член на тимовите на Охрид и Струга, пред да го има првиот интернационален предизвик во израелскиот Хапоел Кирјат Оно.
Со ангажманот на Трпчевски тренерот на Вардар Јуниор, Стојан Петрушевски, има сосема солидна бековска линија заедно со Карапалевски и Крстевски, па не би требало да биде проблем да се избори опстанок во Суперлигата.