Репрезентативките на Србија водеа во поголемиот дел од натпреварот против Данска во последното коло од разигрувањето по групи на Светското првенство, но на крајот мораа да се задоволат само со бод, после ремито со 26:26, па дури во последните 20 секунди и се спасуваа од пораз.
Србија беше во водство уште во првото полувреме и имаше 14:11 на паузата. Овој резултат ја доближуваше до пласман во полуфиналето, но некаде на средината на вториот дел почна да се губи ритамот. На влезот во последните десет минути работите отидоа во лош правец, па Данска дури успеа и да дојде до водство од 26:25.
При овој резултат Србинките успеаја да израмнат, но после овој напад останаа 20 секунди. Успеаја да се одбранат и со реми да се доближат до битката за 5. место. Сепак, сега чекаат помош од Норвешка која мора да ја совлада селекцијата на Германија за да може Србија да се најде на 3. позиција во групата. Тоа ќе даде место и на квалификациите за Олимписките игри во Токио бидејќи од битката за 7. место само за победникот има место во квалификациите.