СП младинци: Шпанија, Франција и Шведска „лечеа рани“

Денеска на Мундијалот за младинци во Германија се играа натпревари за пласман од 9 до 32 место, додека утре претстојат главните битки за полуфинале.

Шпанија, Шведска и Франција разигруваат за пласман од 9 до 16 место и со убедливи победи барем малку ги залечија раните што не се пробија во четвртфиналето на СП.

Шпанците славеа против Тунис со 40-29, Франција не виде мака против Бразил и победи со 35-21, додека Шведска без проблем ја совлада Грција со 39-29.

Во азиско-африканскиот двобој Египет беше подобар од изненадувањето на ова СП, Бахреин, со 31-27.