Со љубов од Словенија: За добрите игри на СП – две гајби јаболка! (ФОТО)

Селекцијата на Словенија по пласманот во втората фаза доби скромно изненадување од своите спонзори.

Избраниците на Љубомир Врањеш во хотелот по триумфот над Македонија и ремито со Шведска имаа неочекуван „подарок“.

Спонзорите на националниот тим одлучија да ги изненадат и им испратија две гајби јаболка во Египет.

Судејќи по фотографиите, Словенците уживаа и беа задоволни…