Со публика на трибини утре Вардар ќе игра „8 на 6“ против Монпелје

Екипата на Вардар утре ја очекува дуел против Монпелје во Лигата на шампионите, а подготовките за овој натпревар привршуваат. Сите се подготвени да го дадат најдоброто на терен така што се очекува да биде максимално интересно и возбудливо.

Тренерот Вујовиќ на денешниот прес потврди дека е на слатки маки бидејќи треба да одлучи кои 16 играчи ќе ги има на терен против Монпелје, а сите се подготвени за настап. Покрај ова имаше и коментари во свој стил.

„Ми се чини дека Монпелје е домашна екипа. На домашен терен ракометарите играат силно, со поддршка на публиката, а на гости се поопуштени што мислам дека ќе виде важен детаљ и затоа нѝ е потребна поддршка од публиката. Знам дека салата не може да биде полна, но јас сакам да играм ‘7 на 6’ ама ако дојде публиката утре ќе играме ‘8 на 6’… Моите калкулации пред почетокот на сезоната ми даваа 10-12 бода како гаранција за осминафиналето. Уште е рано, доаѓаат тешки дуели, треба цврсто да стоиме на земја и ниту еден меч нема да го предадеме пред да стапнеме на терен“, изјави Вујовиќ на прес-конференцијата.

Натрпеварот се игра утре од 20:45 часот, а вообичаено местото на настанот од 4. коло во Лигата на шампионите е салата во СЦ „Јане Сандански“.