Солберг: Одигравме според планот и ја сопревме Македонија

Швеѓаните непосредно пред стартот на СП во Египет, не беа среќни што Македонија во последен момент влезе како замена за Чешка во групата „Г“ потенцирајќчи дека се подготвувале за еден, а на ден пред натпреварпот добиле друг противник.

Но, по вчерашната убедлива победа, селекторот на Шведска, Глен Солберг имаше многу причини да биде задоволен од развојот на настаните.

„Многу сум задоволен сум од натпреварот, одигравме како што планиравме. Прикажавме одлична игра во одбраната, а добро одигравме и во нападот со многу контри. Направивме само неколку грешки што и не е толку страшно со оглед на тоа дека имавме само два тренинзи пред натпреварот. Македонија има добар тим и воопшто не бевме среќни што мора да играме против нив за толку кратко време. Нашиот план беше да направиме компактна одбрана околу нивниот пикер бидејќи занаевме дека од таа позиција доаѓа опасност и резултат на тоа беа брзите контри. Тоа може да биде наша стратегија на целиот шампионат. Се уште е тешко да се каже до каде може да стигнеме, без стандардни подготовки и со многу нови играчи во тимот, но ќе одиме натпревар по натпшревар“, изјави шведскиот селектор.

Следен предизвик за селекцијата на Шведска ќе биде дуелот со Чиле, а во последниот меч од групата ги очекува пресметката со Египет.