Словенците се бунат: Зошто на трибините имаше повеќе од 1.000 навивачи на Египет?

Словенија одигра само реми 25-25 против домаќинот на СП, Египет, и ги заврши настапите без пласман во четвртфиналето.

Селекторот и играчите на Словенија имаа големи забелешки за организацијата, а од федерацијата со соопштение ги обвинија Египќаните за труењето на дури 12 играчи.

Покрај тоа, Словенците се жалат кон ИХФ и за луѓето што биле присутни во „Каиро Стадион“. Иако според претходната најава, трибините треба да бидат празни, имало дури 1.000 навивачи.

„На трибините имаше повеќе од 1.000 навивачи кои не се дел од „балонот“, а тоа е скандалозно. ИХФ не требаше да го дозволи тоа. Не барам изговори за поразот, туку тоа е поради здравјето“, вели поранешниот репрезентативец Огњен Бацковиќ, кој го анализираше мечот со Египет.