Словенците сами се затруле – нарачувале пици надвор од хотелот?!

Репрезнтацијата на Словенија го заврши натпреварувањето на Светското првенство во Египет откако одигра нерешено со домаќинот после големи проблеми со стомачен вирус.

Словенците после елиминацијата имаа сомнежи дека труењето на 12 нивни ракометари пред одлучувачкиот натпревар не беше случајно. Но Данците тврдат дека имаат докази и велат дека забелешките на Словенците не се оправдани.

Спортскиот директор на Ракометната федерација на Данска, Мортен Хенриксен уверува дека Словенците не воделе доволно грижа за себе. Тој тврди дека дури имаат и фотографија од Словенците дека нарачале пици надвор од хотелот.

„Помалку е комично кога велат дека се затруени, имаме фотографии дека Словенците нарачуваа пици надвор од хотелот. Исто така знаеме дека тие не се плашат да ја земаат салатата вклучена во оброците. Може да има многу причини за труењето, многу репрезентации страдаат од стомачни проблеми, не само Словенците“, рече Мортенсен за ТВ2 СПОРТ.

Директорот на словенечката репрезентација Урош Мохорич ги советувал Данците во пресрет на дуелот со Египет да ја избегнуваат храната од хотелот.