Словаците тврдат: „Јужната“ СЕХА нема да се игра!

Сопственикот на Татран Прешов, Милослав Хмелиар, за клупската страница на зборуваше за амбициите на клубот за следната сезона, како и за остварените резултати во минатата сезона, во која неговиот тим по 17-годишна доминација ја изгуби титулата на домашна сцена.

Хмелиар се осврна и на настапите во Европа, истакнувајќи дека Татран Прешов нема да има многу густ распоред, со оглед на тоа дека нема повеќе да се игра јужната дизивија во СЕХА лигата.

Регионалното натпреварување ќе продолжи само со натпревари од дивизијата „Исток“.

„СЕХА лигата е завршена. Тоа се политички работи и реакција на она што се случува моментално во Украина. Колку што знам, натпреварувањето нема да продолжи”, изјави Хмелиар.

Во новата сезона во дивизијата „Исток“ ќе играат вкупно десет клубови од Русија и Белорусија, а дебитант ќе биде Виктор Ставропол.

Ова значи дека нема да има Ф4 турнир за екипите што обезбедија пласман од дивизијата „Југ“ – Вардар, Партизан, Еурофарм Пелистер, ниту пак Загреб и Нексе ќе играат четвртфинале.

Дополнително, ниту Алкалоид и Еурофарм Пелистер, кои би требало да играат во новата сезона во ова натпреваруање, нема да имаат меѓународни натпревари освен оние под капата на ЕХФ.