Скопското дерби за вардарки, го совладаа Металург и се зацврстија на 2. место

Ракометарките на Вардар дојдоа до важни три бода во трката за 2. место откако денеска го совладаа тимот на Металург со 24:22.

Во интересен натпревар вардарки имаа далеку подобро прво полувреме во кое постојано ја зголемуваа предноста. Постојано беа во сè поголема предност и успеаја да стигнат до плус осум кога водеа со 12:4.

Тука падна ритамот и до крајот на првото полувреме гостинките имаа подобри моменти и стигнаа до предност од 15:12 на паузата.

После одморот следуваше израмнета игра во која Варар долго имаше водство. Сепак, клучни во оваа средба беа последните шест минути. Во 54. минута резултатот беше израмнет, 22:22, а потоа следуваше период во кој Илиќ одбрани одлично, па одново Вардар дојде до предност и до три бода.

На крајот беше 24:22 за Вардар и оваа победа е сосема доволна за да може да се има цврсто 2. позиција на табелата.

ВАРДАР – МЕТАЛУРГ    24:22 (15:12)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Марјан Огњановски од Скопје.

ВАРДАР: Илиќ, Грујовска, Попова, Ѓеоргиевска 1, Стефаноска 1, Џатевска, Лазаровска, Трпевска 5, Костовиќ 3, Диневска 7, Миновска 1, Галевска, Стојановска 3, Васевска, Коцева, Дамјановска 3.

Седмерци: 5/8, Исклучувања: 10 мин.

МЕТАЛУРГ: Илјаз, Васева, Софтовска, Гугуљанова, Ѓорѓиевска, Гулицоска, Тасевска 7, Смајлоска 2, Арсениевска 1, Младеновска, Темелковска, Дамчевска 3, Божиновска 3, Ристовска 1, Николиќ 5, Ивановска.

Седмерци: 2/4, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167