during the Women’s EHF EURO 2020 Norway, Denmark - FinaI Weekend, Semi final match, Norway vs Denmark, Jyske Bank Arena, Herning Denmark 18.12.2020, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Се случува и на Мундијалите: Мистериозно снема гол на Данска, ИХФ го допиша после три дена

Грешката на записничката маса направена уште во 1. коло на средбата меѓу Данска и Тунис беше поправена после три дена и денеска е запишан точниот резултат од 35:16 откако имаше вложено протест од страна на официјалните претстаници на репрезентацијата на Данска.

Грешката била направена во второто полувреме, а после натпреварот од Данска укажаа на грешката, а направена е во моментите кога се играла 43 минута и 12 секунди, а Мие Хојлунд го постигнала 24. Гол за својата селекција.

Во текот на средбата имало конфузија на записничката маса. Во објавата од официјалните лица на Данска се наведени неколку моменти, a ИХФ денеска ја прошири листата и детално објасни каде е направен пропустот.

1.При 41 минути и 5 секнди од играта, Тунис е во напад и резултатот во тој момент е точен, 22:10.

2.Во 41:23 минути, ненадејно го снемува голот на Тунис и резултатот е 22:9.

3.Данска постигнува гол во 42:18. Точниот резултат треба да биде 23:10, но на семафорот стои 23:9.

4.Кога Хојлунд постигнува гол во 43:14 минути наместо 24:10, резултат е 23:10.

5.Данска постигнува нов гол (44:58) и резулатот треба да биде 25:10, но на семафорот стои 24:10.

6.Во 45:42 минути, се поправат работите и Данска го добива одземениот гол, резултатот е 25:10.

7.Нов погодок за Данска (45:50) и резултатот во тие моменти е исто така точен, 26:10.

8.Тајм-аут  за Тунис во 46:34 минути. Се одзема гол за Данска, истиот недостига до крајот од натпреварот.

До денеска немаше официјална реакција, но од ИХФ ја видоа грешката, па резултатот е поправен. Воедно е најавено дека ќе се направи сè ваквите грешки да не бидат повторени.