Се откажа и САД – Швајцарија ќе игра на Мундијалот!

Светската ракометна федерација објави дека уште една европска селекција од планираните замени ќе патува на Мундијалот во Египет.

Тоа ќе биде Швајцарија, која беше на 16. место на последното ЕП, влегува како замена за САД. Aмериканците пријавија 18 позитивни случаи во репрезентацијата и планираа да патуваат само со 12 играчи, но тоа нема да се случи.

По Македонија, која ја замени Чешка, Швајцарија ќе биде уште една репрезентација која во Каиро патува како резерва.

Швајцарија ќе биде во тешката група Е, заедно со репрезентациите на Норвешка, Франција и Австрија.