Се однесуваат како на екскурзија, а можат да се пласираат во втората фаза (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Уругвај е една од најслабите резпрезентации на Светското првенство во Египет, а тоа го покажуваат и високите порази од европските екипи со голема гол-разлика.

После поразот во првото коло од Германија со 14:43, ракометарите на Уругвај во второто коло загубија и од Унгарија со 18:44. Сепак Уругвајците со своето однесување покажуваат дека самото доаѓање на првенството за нив е голем успех и искуство.

Уругвајците и покрај поразите одржуваат позитивна атмосфера во репрезентацијата, а тоа го покажаа и на приситнувањето на натпреварот со Унгарија кога се однесуваа како да се на екскурзија.

Уругвајците би можеле да се најдат во главната фаза бидејќи селекцијата на Капе Верде има проблеми со коронавирусот и можно е Уругвај да го добие натпреварот со службена победа што ќе значи историски успех за нив.