Се огласи МВР – отворен е предмет за полицаецот што го удираше Талески!

По шокантните сцени во Охрид по финалето на Купот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кога полициски припадник тепаше ракометари и го удри со пендрек по глава македонскиот репрезентативец Филип Талески, се огласи МВР.

Во соопштението на Министерството за внатрешни работи, отворен е предмет за случувањата по мечот.

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет во врска со случувањата на финалето на КУП на Македонија. По вчера одиграниот ракометен натпревар КУП на Македонија-финале помеѓу ракометните екипи „Еурофарм Пелистер“ од Битола и „Вардар“ од Скопје, во СВР Охрид не е поднесена преставка, поплака или друг вид на пријава од ракометари, делегати или други официјални спортски претставници против полициски службеници кои извршуваа обезбедување на натпреварот што го следеа околу 4000 лица. По завршување на спортскиот натпревар, поради меѓусебна турканица на неколку ракометари од двете екипи на терен, најнапред реагираше обезбедувањето на натпреварот, а потоа од страна на еден полициски службеник од полициската станица од општа надлежност Охрид преземени се физички мерки. По службена должност Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР оформи предмет и презема мерки за целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.

Во шокантното видео може да се види како еден од чуварите на мирот употребува полициска палка за да го удри македонскиот репрезентативец.

Во прекумерната полициската интервеција палка заработи и Урбан Лесјак, словенечки репрезентативец и член на Еурофарм Пелистер.

Полицијата тепаше ракометари на терен (ВИДЕО)