Се враќа и прволигашкиот ракомет – во Богданци се игра заостанат дерби двобој

Денеска се враќа и прволигашкиот ракомет на македонската сцена со еден заостанат натпревар од 14 коло од есенскиот дел.

Станува збор за дерби двобојот меѓу Младост и Мулти Есенс во Богданци, односно дуел меѓу првиот и вториот тим на табелата во групата А.

Натпреварот се игра во салата „Млаз“ од 14:00 часот, а има значење и за двете екипи бидејќи во плеј-офот се пренесуваат бодовите од меѓусебните натпревари.

Мулти Есенс има 33 бодови на првото место, Младост Богданци е втор со 27 бода, но и двете екипи се веќе пласирани во разигрувањето за суперлигашко место.