Се вклучи алармот во Египет – Уште една репрезентација пријави позитивни на Ковид 19

На два дена до почетокот на Светското првенство во Египет пристигна нова вест за позитивни случаи на Ковид 19.

Информациите се дека има петмина заразени во таборот на Бразил. Се работи за еден ракометар и четири члена на стручниот штаб.

Ова е потврдено и од страна на Ракометната федерација на Бразил. Во соопштението стои дека еден ракометар и четири лица кои се дел од стручниот тим се позитивни, но асимптоматски. Тие се веќе надвор од конкуренција за пат во Египет и ќе мора да минат 14 дена во изолација, кога одново ќе имаат тест.

Репрезентацијата на Бразил во моментов се наоѓа во Рио Мајор во Португалија каде што очекува добри вести од новите тестирања на комплетната селекција пред заминувањето за Египет на Мундијалот.

Останува да се следат вестите и денеска и утре околу тестирањата на репрезентациите кои треба да учествуваат на Светското првенство, но очигледно е дека ова нема да бидат последните позитивни ракометари и тренери пред и за време на шампионатот.

Настапот на Бразил на овој Мундијал засега не е доведен во прашање, но остануа да се следи ситуацијата и во следните 48 часа.