Се бореа за да станат шампиони, сега не знаат до кога ќе постојат

Екипата на Железничар од Ниш во последните денови се најде на линијата која ги поврзува врвот и дното односно линијата која го води тимот кон шампионската титула и егзистенцијата.

Според информациите кои може да се извлечат од соопштението кое го објави тимот екипата во последните денови се наоѓа во тешка состојба откако градот кој го финансираше клубот го прекина инвестирањето и тоа во момент кога екипата победи на дерби дуелот против Динамо од Панчево. Воедно тимот на Железничар е и во трка за трофејот во Купот на Србија.

Пред три години тимот од Ниш тргна амбициозно, а на тренерската позиција го донесе Веселин Вујовиќ. Со него требаше да се крене нивото на квалитет и да се добие на популаризација. Тимот имаше настап на Струшкиот турнир каде што имаше забележителен настап.

Сепак, од 2019 година работите се сменија, па дојде ново раководство, па за три години работите комплетно се сменија, а сега откако клубот е дојде на работ на банкрот останува неизвесно.

„Актуелното раководство во август 2019 година го презедовме управувањето на клубот кој се наоѓаше, и уште се наоша, под однапред подготвен план за реаогранизација, дополнително оптоварен со повеќемилионски долг (13,8 милиони) од минатото и со, строго домаќинско работење, но со помош на средствата одредени од буџетот на градот, успеа во релативно краток рок, истовремето да оствари четири цели – наследените долгови заклучно со 31 декември 2020 година успеа да ги преполови, сите тековни обврски кон играчите, стручниот штаб, вработените во клубот и сите други да им ги врати долговите. Првиот тим го зазеде првото место во групата Б од Супер лигата, а оформена е и школа од десетина деца“, стои во долгото соопштение од страна на тимот од Ниш.

Што ќе се случува со Железничар останува да се види, но дефинитивно ситуацијата е далеку од добра бидејќи допрва ќе се знае каква ќе биде иднината.