СЕХА лига има план Б – можно е да се игра турнирски!

Иако се уште не е завршена минатата сезона, бидејќи остануваат уште две осминафинални средби и завршниот турнир, веќе се прават планови за новата сезона во регионалната СЕХА лига.

Бројот на учесници или ќе остане ист или ќе се зголеми за уште две екипи. Во новата сезона нема да игра Пекинг Универзитет, а веќе има интерес за настап од босанскиот Борац Бања Лука, романскиот Динамо Букурешт и грчкиот АЕК Атина.

Завршниот турнир би требало да се одржи во првиот викенд од септември, а потоа да почне и регуларниот дел од новата сезона. Доколку пандемијата спречи да се почне на време, планот Б е да се игра турнирски.

Би требало екипите да бидат поделени во групи, да се одиграат три или четири турнири, а најдобрите екипи да обезбедат место на завршниот турнир. Сепак, ова е во рамките на неофицијалното и за потврда ќе мора да почекаме уште некое време.

Македонски претставници во новата сезона од СЕХА ќе бидат Вардар и Еурофарм Пелистер.