Сестрите Бонавентура ќе делат правда на дуелот меѓу Македонија и Египет

Светската ракометна федерација ги делегираше судиите за натпреварот од второто коло на Мундијалот во Египет.

На дуелот меѓу Македонија и домаќинот, правдата ќе ја делат Французинките Шарлот и Жули Бонавентура.

Делегат на оваа средба ќе биде Австриецот Рајзингер.

Македонија во првото коло загуби убедливо од Шведска со 32-20, а натпреварот со Египет се игра вечерва во „Каиро Стадион“ со почеток во 18:00 часот.