Селекторот делеше асистенции, Талески и Кузмановски реализираа цепелини (ВИДЕО)

Македонија оствари голема победа против Романија и обезбеди осум гола позитива пред реваншот. Во финишот избраниците на Кирил Лазаров одиграа одлично и забележаа победа од 30:22.

Послдните петанесетина минути беа феноменални, во овој период Македонија ја направи клучната предност но не изостанаа и атрктивните погодоци.

Кире Лазаров уште еднаш беше инспирација за помладите ракомеатари, а со прекрасни асистенции им овозможи на Талески и Кузмановски да постигнат атрактивни погодоци од цепелин. Во продолжение погледнете двата атрактивни гола.