Светот добива нов првак, Норвешка ги спакува Холанѓанките

Селекциите на Норвешка и Холандија одиграа максимално интересен натпревар кој заврши со победа на актуелниот Европски првак од 37:34. Светскиот шампион од 2019 година, Холандија со ова остана без место во четврт-финалето, па ракометарките кои дојдоа да ја бранат круната прерано си заминуваат дома.

Норвешка и Холандија одиграа неивесен дуел. Имаа нерешено прво полувреме, 17:17, но потоа работите се изменија. Норвежанките беа тие кои го диктираа темпото и имаа предност. Во финишот имаше шанса за да се дојде до нерешен резултат, но одеше тешко. Холандија имаше можност да се врати, но девојките промашуваа и Норвежанките го решија дуелот во своја полза.

Со тоа Холандија мора да се спакува и да си замине од Мундијалот со што светот ќе добие нов шампион в недела. Од друга страна Норвешка ќе игра против Русија за место во полуфиналето.

Денеска Рајстад беше убедливо најефикасна со десет гола во составот на Норвешка, а зад неа останаа Морк со осум и Херем со седум погодоци. Во Холандија десет гола имаше Хоушер.

Франција имаше полесна задача против Русинките бидејќи рано го реши победникот. Победи со 33:28, а пет гола предност имаше уште после првите 30 минути кога водеше со 17:12.

Фопа и Пино имаа по пет гола и беа најефикасни и во Франција и на теренот, додека во Русија четири гола имаа Манагарова и Сабирова.

Во четврт-финалето селекцијата на Франција ќе игра против Шведска, додека Русија за противник ќе ја има репрезентацијта на Норвешка.

СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ЖЕНИ

ВТОРА ФАЗА, РЕЗУЛТАТИ ОД 3. КОЛО

ГРУПА 1

ПОЛСКА – ЦРНА ГОРА           33:28 (16:9)

СРБИЈА – СЛОВЕНИЈА           31:25 (19:14)

РУСИЈА – ФРАНЦИЈА  28:33 (12:17)

ТАБЕЛА: 1. Франција 10 бода (134:100), 2. Русија 7 (143:129); 3. Србија 6 (124:125); 4. Полска 4 (120:131); 5. Словенија 3 (123:131); 6. Црна Гора 0 (115:143).

ГРУПА 2

ПОРТОРИКО – КАЗАХСТАН   30:27 (13:11)

ШВЕДСКА – РОМАНИЈА        34:30 (19:14)

ХОЛАНДИЈА – НОРВЕШКА    34:37 (17:17)

ТАБЕЛА: 1. Новешка 9 бода (189:111); 2. Шведска 8 (198:121); 3. Холандија 7 (212:128); 4. Романија 4 (163:135); 5. Порторико 2 (82:216); 6. Казахстан 0 (97:230).