Сара Ристовска за едно полувреме даде осум гола, ЦСКА пак победи

Тимот на ЦСКА Москва предводен од македонската репрезентативка Сара Ристовска забележа нова победа во рускиот шампионат.

ЦСКА Москва славеше во Мајкоп кај АГУ Адиф со 36-28, а победата беше обезбедена уште по првиот дел, кога гостинките водеа со 19-12.

Ристовска беше најдобра на теренот и за само 29 минути на теренот, успеа да постигне осум голови од девет обиди.

ЦСКА Москва сега има 20 победи на 20 натпревари, а следен предизвик ќе има во јануари на домашниот натпревар со Балтиска Зорја.