САБОТНО ИНТЕРВЈУ СО МИХАЈЛО МИХАЈЛОВСКИ: Вардар ќе биде уште посилен, а тренер…!

Човекот кој е легенда во македонскиот ракомет. Од спонзор, претседател на клуб, претседател на федерација, претседател на СЕХА лигата, сега повторно се врати во средината со која ги имаше најголемите успеси. И покрај годините има голем елан, мотив и желба да го задржи Вардар во европскиот врв. Сезонава беше најтешка за клубот, но најважно од се дека „црвено-црните“ опстојуваат и најавуваат уште подобри времиња..

“Вардар следната сезона ќе биде посилен за 30-40 посто од она што е сезонава”, вели претседателот на Вардар, Михајло Михајловски во ексклузивното викенд-интервју за 24ракомет што во целост можете да го прочитате утре (сабота)

Првиот човек на “црвено-црните” откри како ќе изгледа екипата следната година, дел од новите засилувања, но и кој го напушта тимот. Се наврати на многу интересни случувања во неговата кариера како спортски работник.

Михајловски не гледа пречка за Вардар на патот до двојната круна на домашна сцена, но дали тие резултати (од очекувањата за сезонава) ќе бидат доволни за Стевче Алушовски да остане на клупата? Ќе има ли Вардар домашен или странски стратег следната сезона?

За Вардар да го задржи нивото на македонски и европски бренд, како и реномето на двократен европски шампион потребна е поддршка, пред се финансиска, од државата.

“Во ниту еден момент не мислам дека Вардар е мој, јас секогаш сметам, дека тој е македонски – наш бренд. Морам, во целата оваа приказна околу спонзорирање на клубот, од кој сакаме резултати, не само во Македонија туку и во Европа, да потенцирам дека неминовно е и државата да изнајде ресурси како би се помогнал спортот… Ваучерот е одлична мерка за омасовување и за прогрес на спортот, но на помалите клубови”, потенцира Михајловски.

Одговори на многу прашања околу иднината на двократниот европски првак, како и останатите детали поврзани со Вардар и Михајло Михајловски како еден од најголемите ракометни икони надвор од теренот прочитајте ги во викенд интервјуто.