Руски шок за Словенија, „зборнаја“ оди во главна рунда

Репрезентацијата на Словенија откако во првото коло имаше полесен тренинг против Кореја, против Русија во вториот дуел го имаше првиот вистински предизвик на Светското првенство во Египет и веднаш беше поразена со 25:31.

Русите одиграа фантастичен натпревар, не им дозволија на Словенците да ја играат нивната игра и заслужено стигнаа до победата. Избраниците на Љубомир Врањеш го имаа само почетното водство, откако Русија израмни на 5:5 потоа го презема водството и до крајот на дуелот имаше целосна контрола.

До крајот на првиот дел Русија стигна до водство од три гола, а така беше и на полувреме кога водеа 16:13. На почетокот на вториот дел составот на Петковиќ ја направи клучната серија за победа на овој дуел кога поведе со 23:16. До крајот на мечот словенечките репрезентативци немаа шанси да избегнат пораз.

Предводици на Русија во победата која носи главна рунда беа Косоротов, Кисељев и Сорока со по шест гола, три постигна Кудинов. Во репрезентацијата на Словенија најрасположени беа Јуре Доленец со шест гола и Драган Гајиќ со пет погодоци. На овој натпревар правдата ја делеа македонските судии Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.

16 јануари 2021
31 - 25
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
16 јануари 2021 19:38 ГРУПА Х 2020/2021 16.01.2021 60'

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
РУСИЈА1631Победа
СЛОВЕНИЈА1325Пораз

РУСИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
5Дмитри Киселевдесен бек16
16Дмитри Павленкоголман00
17Александар Котовдесен бек02
23Роман Осташенколево крило02
27Денис Василевпивот01
28Сергеј Кудиновлев бек13
30Александар Ермаковпивот12
33Данил Шишкаревдесно крило02
36Сергеј Ивановдесен бек00
44Игор Сорокалево крило16
55Азат Валиулинлев бек00
78Павел Андреевпивот10
87Виктор Киреевголман00
89Дмитри Житниковцентрален бек01
97Алексеј Фокиндесно крило00
99Сергеј Марк Косоротовлев бек06
 Вкупно 531

СЛОВЕНИЈА

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Сташ Скубецентрален бек03
3Блаж Благотиншекпивот01
5Ник Хенигманлев бек10
8Блаж Јанцдесно крило02
11Јуре Доленецдесен бек06
13Дарко Цингесарлево крило00
16Миљан Вујовиќголман00
17Нејц Цехтедесен бек00
21Драган Гајиќдесно крило05
22Матеј Габерпивот22
23Миха Зарабеццентрален бек00
26Клемен Ферлинголман00
34Рок Овничекцентрален бек01
44Деан Бомбачцентрален бек02
51Борут Мачковшеклев бек13
95Матиц Сухолежникпивот00
 Вкупно 425

Officials

Судии:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
ПозЕкипаНПРЛБ.
1ДАНСКА33006
2БАХРЕИН31113
3БЕЛГИЈА31022
4ТУНИС30121